Saturday, October 31, 2009

Досје Илинденска ...


Господинот Градоначелник на Скопје Трифун Костовски ни е пак насекиран ...  (изворно напишано на јули 23, 2007)                Повеќе ».....
Откако ги реши сите други крупни и ситни проблеми со Скопје ...
- Ја доврши Словенечка ...
- Го суреди паркот ... Околу градскиот парк навелико се инвестира ...
- Го реобнови течението на Вардар ... ГРАДСКА ПЛАЖА - некогаш и сега ... КЕЈ НА ВАРДАР ...
- Од Скопје направи пак една општина ... ги одвои селските населби ...
- Направи Скопјани да се шетаат со насмевка по скопските улици ....
- Ни покажа дека и фанта треба да стане олимписка дисциплина ...
- Го реши проблемот со водоводот и канализацијата на Скоје ... (ВОДАТА - Скопска ... Рашче - загрозено !! ... Ги заштити Изворите на питка вода - во и околу Матка ... Бунари - Септички јами ...
- Не обезбеди со ефтина енергија со формирање на Јавно претпријатие “Енергетика гас“ ...
- Го исчисти Скопје ... ја изгради новата градска куќа ...
- Ја доврши обновата на камениот мост ... конечно ...
- Ја доправи спортската сала ...
- Ја суреди Универзалната сала ...
- Ги испоказни археолозите што ја изнесуваат земјата од кале при археолошките ископувања на Кале ...
- Ги закрпи сите дупки ...
- Ги фати крадците на Шахти ...
- На Саат кулата постави саат конечно ...
- Не ја заборави дури ни Тумба Маџари ...
- Дури ни Говрлево не остана без заштитата од Градоначалникот ...
- Од Јусинијан и Цар Душан направи брендови ... прогласи за почеток два булевара со нивно име ...
- Старата чаршија свети ... сите скопјани пак се во старата чаршија ...
- Го среди школството кое му припадна ...
- Направи транвај низ Скопје ... Купи нови автобуси за ЈСП ...
- Го промовираше Аквадуктот како нова туристичка дестинација ...
- Секако не го заборави ни Скупи и обновата на Античкиот театар во скупи ...
Костовски реши од Илинденска да направи булевар ...


- Улицата „Илинденска“ в година ќе стане булевар
- Проектот предвидува и мост над Вардар и поврзување со обиколницата
-
Улицата „Илинденска“ да се прошири како булевар и со мост на Вардар да се врзе со обиколницата на Скопје е проектот на градоначалникот Трифун Костовски што ќе го реализира в година. Костовски најави дека „Илинденска“ сигурно ќе стане булевар за да може заедно со „Партизанска“ и „Гологанов-Циборовски“ да биде третата сообраќајна паралела која ќе одговори на потребите на скопскиот сообраќај.
Се плашам дека е ова само нов блеф од низата кои Костовски ги прави ... Досега секојпат Костовски има неколку оправдувања ... Од почеток велеше чекајте да се запознаам со проблемите - да формирам екипа ... Потоа се жалеше дека - или нема надлежности ... или нема доволно пари ... Менаџер со куп буџетски пари и бабами знае да биде ...
- Досје Илинденска со помош на Најди ...
** Словенечка финишира, клучката кај Континентал почнува ... Потоа на ред е проширување на Илинденска ... Вечер - 2007-07-18 :: Бр. 13552
** Нови клупи на Илинденска ... Вечер - 16.07.2007 :: Бр. 13550
** Се подготвува проект за паркирање на улица и на тротоар ... Утрински- Брoj 2343 понеделник, 26 март 2007
** Продолжува oтстранувањето на блокаторите од тротоарите ... Утрински- Брoj 2334 четврток, 15 март 2007
** Проширување на Илинденска ... Вест-7 Број:2020 Среда 3/14/2007 ... градоначалникот Трифун Костовски веќе трета година ветува дека ќе интервенира на булеварот Илинден. Прво ветуваше дека ќе воведе еднонасочен сообраќај на овој булевар.
** Сигнализација по терк на Истанбул?! ... Вечер-06.03.2007 :: Бр. 13441
** Наскоро проект за проширување на Илинденска ... Време, број 953, 13.01.2007

... Доградбата на Илинденска веќе неколку години се најавува со годишните програми што ги подготвува градската управа, но досега не е изработен ниту проектот. Според Генералниот урбанистички план за Скопје, оваа улица треба да биде магистрална сообраќајница, која ќе го поврзува западниот дел од Скопје со центарот на градот, а булеварот Партизански одреди да служи за Илинденска да не се преоптовари со возила.
** Зонско паркирање од мај ... Шпиц, број 189, 13.01.2007
** Ќе се поставуваат нови сообраќајни знаци ... Дневник- четврток, 21 декември 2006 ... На улицата Илинденска ќе биде наместена нова ограда, со цел да се спречи паркирањето на тротоарите, ...
** Капиталните проекти за Скопје оснаа нечепнати ... Вест-Година: 6 Број:1920 Вторник 11/14/2006
** Целодневен шпиц ги задуши тесните улици ... Дневник- вторник, 14 ноември 2006
** Чистка на непрописно паркираните возила ... Вест-Година: 6 Број:1919 Понеделник 11/13/2006
** Пробивањето на „Илинденска“ е решение за надвозникот во Ѓорче Петров ... Утрински- Брoj 2229 четврток, 09 ноември 2006
** Идната година нема да има нови инвестиции во Градот ... Утрински- Брoj 2211 четврток, 19 октомври 2006
** Илинденска и Кале чекаат пари од "Еуролинија" - Вечер-17.10.2006 :: Бр. 13324

** Проширувањето на Илинденска ќе чека подобри времиња ... Нова Македонија, број 20913, 14.10.2006 ... “Свесен сум дека булеварот Илинден е тесно грло и мора тој проблем да се реши во најскоро време. Иако, тоа е булевар, сепак, во “шпицот“ е обична улица по која има колони автомобили со што се закочува сообраќајот. Но, оваа година проширувањето ќе го заборавиме затоа што во градската каса нема пари за таков зафат“, вели Костовски.
** Градот ја испушти градежната сезона за „Свети Климент Охридски" и „Илинденска" ... Утрински-Број 2193 понеделник, 16 октомври 2006
** Пари само за дел од најавените проекти - Вечер-05.09.2006 Бр. 13290
- Ilindenska ... bulevar ...
 

No comments:

Post a Comment

Blog Archive

Followers

Site Meter