Monday, October 26, 2009

Св. Мина - Скопје ... Sv. Mina - Skopje


сл.1  Св. Мина - Скопје  ...  Sv. Mina - Skopje
Прекрасна фотографија каде убаво се гледа местоположбата на Св.Мина веднаш до обновената Пресвета Богородица ... двете кубиња најлево на фотката ... Од фоткава може и да видиме зошто овој мост се вика “Железен мост“ ... некако ми се гледа дека темелите на мостот се сеуште исти ...  (извоерно напишано февруари 06, 2008)            Повеќе ».....
Самата црква Свети Мина била веднаш до Пресвета Богородица ... што би се рекло на неколку метра ... на неа се повикува и некогашниот градоначалник на Скопје Костовски и посочува дека на темелите на оваа црква може Владата да го реализира проектот за уше една Црква ... доколку Владата сака да прави црква, темелите на "Св. Мина", веднаш до "Св. Богородица" се тука, ископани и нека повелат нека градат...

Еве уште неколку неколку стари слики каде се гледа како изгледала Света Мина ...

сл.2 Во позадина јасно се гледаат двете куполи на Свети Мина ... десно од минарето на Бурманли Џамија ...

сл.3  И на оваа фотка ако малку се задлабочите ке ја видите Св.Мина ...

сл.4  И тука десно убаво се гледаат куполите на Св.Мина ...

сл.5  Оваа фотка до сега дава најасна слика на двете куполи на Св.Мина ...


сл.6  Како и оваа - но од друг агол ...


сл.7  Оваа ја барав - дава најубав преглед на местоположбата на Св.Мина ...


сл.8  И на оваа десно се гледаат куполите на Св.Мина ...

сл.9  Благодарение на едни пријателчиња еве уште една фотка на Св.Мина ... Јасно се гледаат двете куполи ... а малку полево од нив и Камбанеријата на Пресвета Богородица ...

** Црквата Свети Мина за МПЦ е значајна бидејки во неа е донесена Одлуката за самостојност на МПЦ - потврдена преку отслужувањето на заедничка архиерејска Литургија со српскиот патријарх Герман, на 19 јули 1959 година во црквата на Свети Мина во Скопје, и истовремено е извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент.

** Посебно засилена собирачка активност на црковни богослужбени предмети, фрески, икони и ракописи се развила со оформувањето на Црковниот музеј во црквата "Св.Мина" во Скопје во 1933 година.

** До Соборната црква “Света Богородица”, се наоѓала запуштена црква, “Света Мина” која била изградена во 1902 година под влијание на грчката (односно влашката) и српската пропаганда и која за време на Првата светска војна била претворена во коњска штала. На идеја на Митрополитот скопски Јосиф и директорот на банката “Вардар”, Милан Јовановиќ-Стојмировиќ, биле урнати двете кули на црквата. Во 1935 год. била обновена и претворена во Црковен музеј на Скопската Епархија. Имала 250 м2 корисна површина и во неа требало да се чуваат икони, фрески и друго. “Света Мина” настрадала во земјотресот во 1963 година.
**
Црквени музеј у Скопљу ве˚ је скоро довршен, “Вардар” 9 декеври, 1935, 2.


По потекло Мисирец и војник по занимање Свети Мина, како вистински христијанин, не можеше да го гледа одвратното жртвопринесување на идолите, па ја напушти војската и градот и луѓето и сѐ и отиде во пуста планина. Бидејќи на Св. Мина му беше полесно да живее со дивите ѕверови одошто со незнабожните луѓе. Еден ден светителот го проѕре од далечина незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па се спушти во градот и пред сите ја објави својата вера во живиот Бог Христос, а ги изобличи идолопоклонството и незнабоштвото како лага и мрак. Кнезот на тој град, некој Пирос, го запраша Свети Мина кој е тој и што е. Светителот му одговори: „Татковина ми е Мисир, името ми е Мина, бев офицер, но кога го видов идолопоклонството се одреков од вашите почести. Сега дојдов пред сите да Го објавам мојот Христос како вистинит Бог, за и Он мене да ме објави како Свој слуга во Царството Небесно“. Кога го слушна ова Пирос го подложи Свети Мина на големи маки. Го биеја, го стружеа со железни четки, го гореа со свеќи и го мачеа со разни други маки, па најпосле го убија со меч. Телото му го фрлија во оган за да не го земат христијаните, но тие сепак спасија од огнот некои делови. Овие остатоци ги погребаа чесно, а подоцна беа пренесени во Александрија и таму ги погребаа и над нив изградија црква. Св. Мина пострада околу 304 година и се пресели во Христовото Царство. Тој беше и остана голем чудотворец во двата животи, и на земјата и на небото. На секого којшто го слави Св. Мина и во неволја со вера го повикува на помош, тој и му помогнал. Повеќепати се јавуваше како војник на коњ, за да им помогне на верните или за да ги казни неверн

1 comment:

  1. Pod hitno e potrebno da se postavat kamen temeli na ovaa CRKVA
    So toa ce se oslobodi neboto nad MAKEDONIA

    ReplyDelete

Blog Archive

Followers

Site Meter