И во Македонија ова е еден од најголемите црковни празници ... ако се пресмета ке се види дека за Богородица се посветени многу храмови во кои се слави името и духот божји ... ако пак се направи математика ке се види дека скоро секој трет божји храм е посветен на Богородица ... со тоа што повеќе се посветени на Голема Богородица т.е. Успението на Пресвета Богородица ... во однос на Рождеството на Пресвета Богородица (Мала Богородица ...), кое се слави на 21 Септември ... во Скопје таа се слави во нововозобновениот Храм на Рождеството на Пресвета Богородица (која е и заштитничка на Скопје и скопјани ...), чиј донатор е Трифун Костовски ...








Црквата има свое канонско толкување на овој празник ... за чудата на Пресвета богородица читајте тука ... меѓу народот луѓето ја слават бидејки имаат уверувања дека им помага на родилките ... симболизира неплашење од смртта, бидејки преку воскрснувањето имаме премин на еден живот во друг ... Историјски сето започнува кога неверниот Тома доаѓа на гробот на Богородица, за да се помоли, бидејки многу ја сакал, барал од чуварите на гробот да го тргнат тешкиот камен од гробот ... по услишувањето на желбата, Тома видел дека во гробот го нема телото на Богородица, кое воскреснало ... за што Тома дознава од ангелскиот глас ...



- Чудата на Пресвета Богородица (I дел)
Епископ Велички Гаврил Светогорец
ЧУДО 1.
Раскажување за некои Евреи што ослепеле, а на еден му биле отсечени рацете, па откако поверувале во Христа, биле излекувани од пресвета Богородица.
Во она време кога нашиот Господ Исус Христос посакал да Ја одведе Својата прељубезна Мајка од овој свет во небесниот вечен живот за да царува со Него довека, се собрале сите апостоли, кои се вратиле од разни страни на светот за Нејзината смрт. Светите апостоли кога ја виделе Мајката Божја, многу се зарадувале. А таа им рекла дека ќе оди при Нејзиниот возљубен Син. И кога се помолила, ги благословила сите присутни, легнала мирно на својата постела и му ја предала душата на Својот Син и Бог.
По нејзината повелба, апостолите го зеле божествениот ковчег и со најголема почит го носеле до гробот, пеејќи погребни песни. Исто така и светите ангели невидливо пееле и ја испраќале. Многумина од присутните Евреи, заслепени од завист, сакале да го превртат ковчегот на пре света Богородица, но во тој час ги казнил Бог со тоа што ги ослепел сите. Еден од овие Евреи, кој никако не се плашел, се фатил со рацете за ковчегот. Но, о големо чудо Божјо и на пресвета Богородица! Ангел Божји му ги отсекол двете раце и тие останале да висат на ковчегот. Таа глетка била страшна пред очите на оние што присуствувале. Кога тоа го видел свети апостол Петар, му рекол на постраданиот:
„Верувај, чедо, дека таа е вистинската Божја Мајка и ќе оздравиш". Тогаш тој со солзи на очите поверувал и дошол, па се допрел до рацете што виселе и тие му се залепиле на телото и тој оздравел.
Кога го чуле ова другите Евреи што ослепеле, поверувале и веднаш прогледале. Потоа и тие оделе до гробот и ја испраќале со страв и побожност. Откако ја погребале пресвета Богородица, три дена потоа над нејзиниот гроб се слушало пеење на ангели, кои ја придружувале се додека воскреснала и отишла на небото при Својот Син и Бог. И како што нејзиниот Син Исус Христос претрпел смрт и погребување, исто и таа претрпела и се вселила во гробот, а оттаму отишла на небото.
Треба и ние да веруваме дека Бог кога сака и нас ќе не оживее од гробовите. Но ние сме должни да претрпиме гниење, да изгниеме во гробовите за да ни се очисти душата од гревовна наслага. Светото тело на пречистата Дева уште од почетокот било осветено од Светиот Дух, кое не се повредило во рождеството, ниту изгнило во гробот. Да ја бараме нејзината помош и молитва и нас да не однесе во Царството небесно. Амин.
-
- Чудата на Пресвета Богородица (XV дел)
- Чудата на Пресвета Богородица (XIV дел)
- Чудата на Пресвета Богородица (XIII дел)
- Чудата на Пресвета Богородица (XII дел)
- Чудата на Пресвета Богородица (XI дел)
- Чудата на Пресвета Богородица (X дел)
- Чудата на Пресвета Богородица (IX дел)
- Чудата на Пресвета Богородица (VIII дел)
- Чудата на Пресвета Богородица (VII дел)
- Чудата на Пресвета Богородица (VI дел)
- Чудата на Пресвета Богородица (V дел)
- Чудата на Пресвета Богородица (IV дел)
- Чудата на Пресвета Богородица (III дел)
- Чудата на Пресвета Богородица (II дел )
- Чудата на Пресвета Богородица (I дел)
-































































































No comments:
Post a Comment